Еве за колку време ќе се состави новата Влада во Македонија

Со чинот на поднесување на оставка на Заев до Собранието, паѓа целата Влада. Се’ уште не е познато кој ќе го наследи Заев во позициите. Дали тоа ќе биде Сања Лукаревска, бидејќи е заменик-претседател се уште немаат изјаснето од партијата.

Уставот наложува, веднаш кога Заев ќе ја реализира премиерската оставка до Џафери, претседателот на собранието го известува шефот на државата Пендаровски. Од тој момент Пендаровски има 10 денови за одлука. Во тие денови се консултира со партиите за кого да припадне мандатот за нова Влада.

Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.