Со цел почитување на духот, верата и традицијата, по барање на Прилепското архијерејско намесништво, централната манифестација во Прилеп, чинот на положувањето на Светиот крст на Богојавленије (Водици) на 19-ти јануари, ќе се изврши во водите на базенот во дворот во црквата Св. Благовештение – се вели во соопштението од општина Прилеп.
Големиот Богојавленски водосвет ќе се изврши во 09:30 часот, а по Светиот Крст ќе се „фрлаат“ 20-тина православни верници. Оној кој ќе го „фати“ Светиот Крст ќе добие пригодни награди од градоначалникот на Прилеп, Борче Јовечски, кој ќе присуствува на чинот на осветување на водите во црквата Св.Благовештение.
Чинот на осветување на водите ќе се одвива и во населените места во општина Прилеп: Селце(6:45), Витолиште(7:00), Бешиште(9:00), Ново Лагово(10:00), Мало Коњари(9:00), Големо Коњари (10:00), Беровци (11:00), Клепач(10:30), Ерековци, Полчиште(10:00), Галичани(12:00), Чепигово(12:00), Подмол (9:00),Тополчани (11:30), Штавица (10:30) и Загорани (12:30).