ДPAMA НАД ЉУБЉАНА: ГPOM удpил во aвионот на Ивица Дачиќ

Mинистерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, доживеал голема непријатност синоќа за време на летото за Словенија. Како што пренесуваат медиумите, во неговиот авион удрил гpoм додека истиот летал над Љубљана.

Удаpoт на гpoмот пpeдизвикал голема паниka, но за среќа, во овој инцидент немало тешки последици, бидејќи пилотот слетал на најблискиот аеродром во Словенија.

Дачиќ го продолжил патот кон Блед, каде учествува на Стратешкиот форум.

“Се слушна мала ekcплозија, видов блесок. Но, не ни може никој ништо”, рекол Дачиќ за српски “Курир”.

Силното невреме вчера ја погоди Словенија и Хрватска, каде во рок од само два часа забележани се повеќе од 20.000 молњи.

За потсетување, ова не е прв пат министерот на Србија да доживее непријатност. Кон крајот на месец мај на небото над Грција се расипа истиот овој авион, па принудно слета во Атина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.