Д-р Јовчески pacпали по влacта на СДСМ во Прилеп и ги изнесе сите лаги (Видео)

Ви се обраќам, не само како кандидат за градоначалник, туку како Ваш пријател, човек кој секојдневно се соочува со истите проблеми како и Вашите. И мене, како и на мнозинството од Вас, ми пречат и ми бодат очи повеќето не реализирани проекти и пропаднати празни ветувања на локалната власт на СДСМ, во чие скоро 4 годишно владеење, видливи се само залудно потрошеното време, не решените проблеми во сите домени на општината како и неостварените помпезно најавувани проекти кои што останаа само убаво напишани на хартија – истакна на денешната прес конференција Д-р Борче Јовчески, кандидат за градоначалник на општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение целосно ви ја пренесуваме прес конференцијата на Д-р Јовчески:

Да ве потсетам, нам, на граѓаните на Прилеп, ни беше ветена гасификација, 2 обиколници околу Прилеп, спортско рекреативен центар со затворен базен, комплетно реновирање на старата прилепска чаршија – која е срцето на градот. И не само тоа, ветени ни беа и нови градинки, нов театар, спортски сали, но каде се? Ги гледа ли некој?

Не убедуваа и дека сметките ќе се намалат за 20%, но спротивно, сите ние добивме повисоки сметки за вода за дури 60%. Не убедија и дека „го средиле булеварот“, а всушност сите сме сведоци на тотално нефункционална проширена улица која наместо да обезбеди растеретување на сообраќајот, само ја зголемува гужвата.

Не сакам ни да го споменам економското назадување и низата погрешни политики кои резултираа со општина во која не се донесе ниту една единствена инвестиција изминатиов период, ниту пак некој реши да се заложи за едно од најгорливите прашања а тоа чистиот воздух и здравата животна средина, која што би требало секој да ја ужива.

Почитувани, јас, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, сум спремен да излезам во пресрет на сите граѓани на општина Прилеп, и да одговорам на барањата и потребите на прилепчани. Преку отворен и искрен пристап, со реални и остварливи проекти, што ќе бидат одраз на идеите од народот, ќе придонесеме заедно Прилеп да се врати на вистинскиот пат. Имам визија и план како да ја направиме нашата општина поубаво место за живеење, како за сегашните, така и за идните генерации кои доаѓаат по нас.

Преку макотрпна работа, заедно со тимот кој ќе биде составен од професионалци во својата област, заедно со членовите на Советот и секако со вашата поддршка, ќе направиме од Прилеп, пример за тоа како треба да изгледа една развиена општина во сите области. Прилеп заслужува да биде место со добра патна инфраструктура, со зелени и уредени парковски површини за сите генерации. Прилеп заслужува да биде место со голем број на нови детски и спортски игралишта како во градот така и во околните населени места, каде младите преку спортот ќе градат здрави навики.

Изградбата на планираните четири нови кружни текови и растеретувањето на сообраќајот на булеварот, ќе го олесни нормалното функционирањето на жителите и ќе им заштеди време и нервоза. Уредувањето на коритото на градската река е само уште еден предлог и идеа на граѓаните кој години наназад остануваше само желба на Прилепчани.

Ќе се потрудам да го подобриме квалитетот на живот, пред се екологијата и заштитата на животната средина како и намалување на CO2 преку изградба на фотоволтаични централи на објектите на локалната самоуправа и поставување на систем за т.н. паметно осветлување и платформа за дигитален град.

Исто така ќе се погрижам да се средат дивите депонии но и да се реализира започнатиот проект за фабрика за рециклажа за отпад, кој во време на СДСМ беше стопиран. Централното градско подрачје е само уште едно од барањата и идеите на граѓаните, кои заслужуваат реновирана стара чаршија со обновени и проширени зелени површини, модерно уреден и функционален пазар како и решенија на проблемите со паркинг, преку субвенционирање да се користат постоечките катни гаражи и да се изградат нови – монтажни.

Се што кажав погоре, ќе остане како само една убаво составена бајка, без Вашата поддршка. Заедно со вас, мораме да ставиме огромен акцент на економијата, привлекувањето на инвестиции кои што ќе значат нови работни места, за Вас, за Вашите деца. Најважно од се е, да ги задржиме младите, да создадеме услови преку кои ќе ја задржиме нивната креативност и енергија, тука во нашата општина. Ние им го должиме тоа! Да го вратиме заедно сјајот на Прилеп! Времето кое доаѓа е наше време, време во кое со домаќинско, чесно и транспарентно работење ќе го вратиме градот Прилеп, нашиот Прилеп, на врвот, онаму каде што и заслужува да биде!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.