Д-р Панче Дамески е нов Декан на Ветеринарниот факултет во Битола

Вонредниот Проф. Д-р Панче Дамески од Прилеп е нов Декан на Ветеринарниот факултет во во Битола.

Дамески е човек со богат научен бекраунд и истакнат експерт во областа на хирургијата и кинологијата.

-Со новото раководство Ветеринарниот факултет се стреми да ја продолжи традицијата на унапредување на квалитетот на теоретската и практичната настава – напишаа на социјалните мрежи од факултетот при Универзитетот “Св. Климент Охридски” од Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.