Д-р Ненад Лазаров сведок на хоророт кај прилепско Радобил: “Јас сум лекар 15 години, ваков хорор е невозможно да се прераскаже”

Две лица го загубија животот, а уште три се тешко повредени во сообраќајна несреќа која се случи попладнево околу 17 часот на патниот правец Прилеп-Росоман, кај прилепското село Радобил – информираа од МВР.

Од МВР додаваат дека трите повредени лица се пренесени во прилепската болница.

Д-р Ненад Лазаров кој возел по овој патен правец наишол на немилиот настан и помагал на поврдените. Сообраќајката тој во ФБ статус ја опишува како хорор на каков не наишол во неговата кариера.

-Некои хорори е добро што е невозможно да се прераскажат. Пред 2 часа како случајни минувачи на патот помагавме на тешка сообраќајка после Плетвар кон Кавадарци, 2ца загинати и 5 души тешко повредени, најстариот околу 40 години. Ве молам и апелирам да возите нормално и внимателно, јас сум лекар 15 години вакво нешто немам видено до сега. Не сакам ни да видам, шокантно беше и вечерва да се молиме сите останатите петмина сите млади да ги преживеат повредите, напиша Лазаров.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.