– Конечна #Слобода ќе биде кога сите неправедно осудени ќе бидат надвор. Мојата ќе почнам да ја живеам од денес.
Ти благодарам Господе, благодарам на моите најблиски и сите поддржувачи. Нека моето денес за неправедно осудените биде утре. Да живее Македонија!
Ова на Фејсбук го напиша оперскиот пејач Игор Дурловски, кој денеска доби решение дека Апелациониот суд во Скопје ја потврдува ослободителната пресуда за него за настаните на 27 април во Собранието.