Колумбиецот Јанко што пее македонски песни и неговата група ВардарАнди влегоа во дуел со Грци на Интернет.
Јанко ги праша грчките момчиња, дали ќе препознаат од кој крај на светот е песната што ја пее.
Грците се збунети и не можат да препознаат дека Јанко ја пее песната ,,Велат не нема, ама тука сме”, која е неформална химна на Македонците во Грција.
Откако Грците не можат да препознаат за која држава се работи и велат дека песната е италијанска, а Јанко им пее за Македонија, еден од Грците вели дека песната е од Северна Македонија.
На тоа Јанко вели дека песната е од Македонија, а Гркот вели дека Македонија е грчка.