Во општина Долнени асфалтирана половина траса од патниот правец КОСТИНЦИ-ДОЛГАЕЦ-МАРГАРИ.
-Овој локален пат беше комплетно запоставен со години и години, со огромни дупки на коловозот. Движењето за автомобилите беше крајно отежнато. Така што, општина Долнени започна со негова рехабилитација. На почеток, се тампонираше целата должина на патот, а потоа и се асфалтираше во вкупната должина од 2,75 км – се вели во соопштението од општина Долнени.
Од таму додаваат дека патот ќе биде комлетно асфалтиран кога ќе се обезбедат преостанатите средства од страна на Влада на РСМ.
-Со оваa инвестиција се подобрија условите за жителите од трите населени места, а се обезбеди и посигурен сообраќај и транспорт на лица и стоки. Но, не само на трите гореспоменати населени места, туку и пошироко во околината, и тоа: Црнилиште, Зрзе и др, бидејќи и жителите на овие населени места го користат овој пат. Оваа инвестиција претставува уште една можност плус за зголемување на бројот на лица кои се враќаат од Скопје во овој регион, како пензионерите, така и граѓани кои сакаат да инвестираат и да започнат сопствен бизнис со земјоделство или сточарство. Општина Долнени продолжува со инвестиции за подобар квалитет за живот за сите нејзини граѓани, без разлика на нивната етничка, верска, политичка или социјална припадност – велат од оваа пелагониска општина.