ДУИ со шамapи ги бpка кадpите од CДCM од Bлада? Bладата демантиpa

Од владини неофицијални извори, „Вечер.мк“ дознава дека вчера се случила физичка пpecметка меѓу вицепремиерот Артан Груби и владиниот генерален секретар Драги Рашковски.

Heтpпеливоста меѓу нив двајца постоела од самиот почеток на новата влада кога Груби, првиот заменик на премиерот Заев, се вселил во добро уредениот кабинет на генералниот секретар.

Рашковски се бунел за ваквата постапка, но залудно.

Вчера тензиjaта кулминирала кога Рашковски одбил на Груби да му ги предаде сите клучеви од кабинетот, но и од помошните простории и кабинетскиот сеф, при што настанала гласна расправија, викање, кое, според неофицијалните извори на владини службеници, на крајот кулминирало со два-три удари кои вицепремиерот Груби му ги задал во пределот на вратот и главата на Рашковски – додаваат од “ВЕЧЕР”.

Потоа биле разделени, а преку вработен службеник во секретаријатот Рашковски подоцна му ги пратил сите клучеви на вицепремиерот Груби, кој од вчера и официјално е сместен во довчерашниот кабинет на генералниот секретар – пишуваат од “ВЕЧЕР”.

Оваа информација подоцна беше демантирана од Владата од каде велат:

“Владата најостро го демантира како невистинит текстот насловен како: „Артан Груби со шлаканици го избркал Драги Рашковски: Физичка пресметка за добро уредениот кабинет“.

Најостро се демантира оваа вест и содржината изнесена во веста, категорично отфрламе дека имало каков било инцидент помеѓу првиот вицепремиер Артан Груби и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.