ДУИ до СДСМ: Вие одите со црни возила и им се заkанувате на судиите, овие ли се реформите во судството кои им ги ветивте на граѓаните?

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими, синоќа во емисијата “Click Plus” на ТВ 21 ги обвини СДСМ дека со цел да го покријат нивниот неуспех за функционирање на правниот систем, што впрочем СДСМ ветуваше во предизборната кампања, измислуваат различни сценарија.

-Господине Зеќири ве гледа цела јавност, со ова сценарио не можете да го покриете бегството на Груевски. Не можете да го покриете неуспехот за функционирање на правниот систем. Граѓаните прашуваат кај се парите, вие ветивте во кампањата дека сите финансиски средства ќе ги вратите во буџетот, ви се молам немојте, со вакви сценарија не можете да ги покриете неуспесите, кажа Алими.

Зеќири на ова одговори дека Ејуп нема право да зборува за правниот систем бидејќи тој самиот треба да се појавува на суд секоја недела, на што Ејуп Алими му одговори дека тој се појавува и ќе се појавува и ќе продолжи да се појавува редовно се додека не се расчисти случајот и го обвини Зеќири дека од нивната партија им се закануваат на судиите.

-Да, јас се појавувам на суд и ќе се појавувам редовно се дури не се расчити овој случај, но вие одите со црни возила и им се заканувате на судиите за жал, му порача Алими на Зеќири.

Меѓу другото Ејуп Алими го запраша потпретседателот на СДСМ какви се тие реформи во судството кои ги ветиле, а ги гледаме истите судии од претходната власт.

-Кои се тие реформи во судството кога ги гледаме истите судии за кои вие обвинувавте дека ги назначуваа Груевски и Мијалков, или пак да не случајно групи на интереси и различни лобија од казината ве финансираат па затоа и го попречувате законот за казината, го запраша Алими потпретседалот на СДСМ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.