Долга листа на исклучени од редовите на ВМРО ДПМНЕ беше формирана вечерва за време на седницата на Централниот комитет.
Според сеуште официјално непотврдени информации, од партијата исклучени се Сашо Мијалков, Никола Тодоров, Митко Јанчев, Петар Богојевски како и Костадин Богданов. За ваквата одлуката Централниот комитет бил едногласен, односни сите до еден ја поддржале. Исто така, претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, упатил предлог до членовите на Централниот комитет за одржување на конгрес на партијата, но овој негов предлог бил едногласно одбиен.
Со ова направени се сериозни престројувања во редовите на ВМРО ДПМНЕ, а засега нема информации кој ќе биде новиот потпретседател на местото на Митко Јанчев, а исто така и кој ќе ги пополни позициите на Богданов и Богојевски, заменик генерален секретар и член на ИК.
Неофицијално, извори од ВМРО ДПМНЕ информираат дека испразнетите места ќе останат отворени, и дека дополнително ќе биде одлучени, кои членови од партијата ќе ги пополнат.
Инаку претходно денеска, голем број партиски функционери, пратеници и членови на ВМРО ДПМНЕ, јавно му изразија поддршка на претседателот Христијан Мицкоски.