По почетните победи над Струга и Скопје, прилепчани паднаа на првиот поголем предизвик, на осмиот по ред Меѓународен меморијален турнир “Миле Нешкоски”, кој денеска влегува во завршницата.
Прилепчани доживеаја катастрофален пораз од гостите од Србија, РК Дубочица со 18:34 (9:19 на полувремето).
Денеска е последниот ден на турнирот каде ќе се одиграат натпреварите за седмо, петто, трето место, како и големото финале, каде ќе се сретнат Мулти Есенс и Дубочица.
Финалниот натпревар започнува во 16ч, а РК Прилеп ќе игра за трето место против екипата на Еурофарм Пелистер 2 со почеток од 14ч.
Струга и гостите од Финска, Кокс, ќе играат за петто место со почеток од 12ч, а во моментов се игра натпреварот помеѓу Скопје и Тинекс Пролет за седмото место.
Натпреварите можете да ги следите во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” каде влезот е бесплатен, како и на јутјуб каналот на РК Прилеп.
Во продолжение натпреварот помеѓу прилепчани и РК Дубочица низ фотографии: