Прилеп од вчера ја доби најмодерната и најснабдената месарница. Сопственици се семејството Иваноски, мајстори на својот занает, кои на граѓаните сега им нудат буквално се’ oд месни производи во еден одлично уреден простор и по прифатливи цени.
За месото не треба да се прави многу муабет. Тоа е секогаш квалитетно и како никаде на друго место свежо. Месарницата “ДРЦКО” се наоѓа на улицата “11-ти Октомври” отспротива на белите згради кај “Табана”, или поточно во просторот на поранешната продавница за играчки “Колибри”.
Kај ДРЦКО ќе најдете извонредна понуда и голем избор на секаков вид на месо, кременадли, удина, колбаси, печеница, чаден врат… умот да ти зајде од убавини, а и ќе заборавевме, тука е и нивниот специјалитет ролованата сланина, за која вистинските гурмани ќе ви кажат дека кога еднаш ќе купите, нема да престанете.
За прв пат во Прилеп, тука можете да си купите и свежо прасе за печење, исчистено, погодено, дирек за во фурна.
Семејството Иваноски се познати по своето гостопримство. Важат за граѓани кои се почитувани, вистински еснаф луѓе кои секогаш знаат да излезат во пресрет на своите муштерии и да ги задоволат нивните потреби. Па, така пазарењето кај нив со сигурност ќе ви претставува задоволство.
На прилепчани им ветуваат дека месарницата секогаш ќе биде добро снабденаи ги повикуваат граѓаните да се уверат во квалитетот на нивните производи.
Нека им е аирлија новиот бизнис и нека ги прати среќа и успех!