Дружба, забава, прогласување на првенци на генерација – Во Прилеп ќе се одржи традиционалната манифестација за крај на школската година “Палачинкијада”

Традиционално, крајот на учебната година во Прилеп, и годинава ќе биде одбележан со манифестацијата Палачинкијада.

-Драги ученици, професори и наставници, драги наши сограѓани, ве покануваме на традиционалната „Палачинкијада“ која се одржува по повод крајот на учебната година! Во сабота, на 15 јуни во 11:00 часот во паркот на Могилата на Непобедените ќе се дружиме, забавуваме и пееме, а исто така ќе ги прогласиме и првенците на генерации – информираат од Општина Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.