Другарки за цел живот: Седум девојки си купиле куќа за да живеат заедно кога ќе се пензионираат (ВИДЕО)

На почетокот седумте најдобри пријателки од Кина разговарале за заедничко пензионирање како на шега, но одлучиле дека не треба да чекаат 30 години, за да одлучат каде ќе се повлечат и мирно ќе ги живеат своите пензионерски денови. Па, така уште од сега си купиле заедничка куќа.

Куќата, која се наоша во приградска средина надвор од Гванжу, ги чинела околи 580.000 долари. Модерна, на три спрата, со заеднички стамбен простор во приземјето, како и приватни спални соби на спрат.

Жените си ги поделиле обврските, па така едната готви, друга се занимава со традиционална кинеска медицина, трета со градинарство…, а сето тоа со цел пред време да бидат подготвени за пензионерските денови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.