На светот постојат различни обичаи за организирањето на најсреќниот ден од животот за оние кои стапуваат во брак.
Некој сака романтика, некој се одлучува за традиционалната верзија, а некои смислуваат нешто многу поразлично.
Овој пар направи вистински “бум” на социјалните мрежи со декорацијата која ја одбра за нивниот најсреќен ден.
Наместо со ружи, што е одлик на голем број венчавки, другарите на младоженецот на влезот од црквата ги пречекаа со моторни пили.