(Дрон Видео) Како изгледаше маршот на Вмро-Дпмне во Прилеп

ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа масовен протестен марш во Прилеп.

“Македонија браќа и сестри ја започнува својата битка, не е ова крајот за Македонија. Македонија ја има во библијата и таму нема договор што може да ја избрише. И таму ќе остане запишано името Македонија, нашиот аманет е тоа име да го чуваме и гордо да го изговараме сега и во иднина, а на нашите потомци да им го предаваме од колено на колено. Нас во историјата како нација и како држава не покорувале многу освојувачи, многу војски, многу побројни и посилни од нас, но секогаш како нација сме се реорганизрале и сме застанувале пред нив и сме ја извојувале нашата слобода за да ја градиме нашата држава Македонија! Зората браќа и сестри ќе дојде за секој еден од нас, ќе ја донесеме зората, а зората ќе донесе нов ден, нова надеж и правдина за секој граѓанин! Да ни е жива и здрава и вековита Македонија!
#МакедонијоНапред ??
#МакедонијаЌеПобеди ??” – напиша Мицкоски на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.