Дрогата го уништи: Светскиот шампион во тешка категорија ги предаде титулите

Британскиот боксер Тајсон Фјури повеќе не е светски шампион во тешка категорија. Тоа стана јасно, откако 28-годишниот британски боксер реши доброволно да ги предаде титулите во ВБО, ВБА и ИБО категориите. Фјури беше светски првак од ноември минатата година, кога го победи речиси непобедливиот Владомир Кличко.

 

1fjuri

Токму Кличко беше оној кој неколку пати го предизвикуваше Фјери на реванш. Во септември минатата година, Кличко беше поразен, но најави дека сака реванш во брзо време. Сепак Фјури не му најде термин за втор меч.

 

2fjuri

Самиот боксер призна дека примал недозволени средства, кои му биле против депресија. Бил позитивен и на користење на кокаин. И покрај тоа што мораше да ги предаде титулите без борба, самиот Фјури најави дека ќе се врати уште посилен и повторно ќе се обиде да ги врати трофеите во негова сопственост.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.