Најмладиот, но истовремено клубот со најголем подем во изминатата година, Џудо клуб “Бушидо” од Прилеп, после успесите на државните и меѓународните првенства во изминатиот период, организира младинско државно првенство во џудо.
Настанот ќе се оджи во недела, 23.10.2016 во новата спортска сала во ООУ “Добре Јованоски” – Прилеп, со почеток од 10:30часот.
Претходно во петок, 21.10.2016, со почеток од 10:00 часот, клубот ќе гостува на утринската програма на Канал 5 Телевизија, каде ќе ги претстават досегашните успеси и планови за во иднина.