Државно во борење во Штип: Ангела и Тамара супериорни и обезбедија виза за Европско, ќе се води борба до крајот за одбрана на титулата

Денеска во Штип се одржа Државното првенство во борење до 17-годишна возраст, каде девојките од боречкиот клуб “7-ми Мај” од Прилеп одново забележаа одлични резултати.

Ангела Трајкоска до 57кг. и Тамара Цветкоска до 61кг., беа убедливо најдобри со по 5 победи и го освоија првото место во своите конкуренции. Со овие триумфи Ангела и Тамара си обезбедија и виза за Европското првенство У17.

Викторија Стојаноска освои второ место во категорија до 40кг, Анабела Стојаноста беше трета до 53кг, Јована Мидоска трета до 63кг., а Анамарија Мицкоска го освои третото место до 69кг.

Прилепскиот клуб екипно беше второпласиран, со што потфрли во мисијата за 5 од 5, но се’ уште има шанси за одбрана на шампионската титула.

Покрај успесите на борачките, за одбележување е и настапот на близнаците Аризанкоски, кои достојно ги бранеа боите на клубот во машка конкуренција до 45 кг., притоа освојуваќи едно сребро и едно петто место, во многу силна конкуренција.

На првенството свое учество имаа и прилепските судии, Душко Стојаноски и Илчо Маркоски кои ја делеа правдата.

Тренерот Стојанче Тушески е задоволен од резултатот, но и загрижен за одбраната на титулата, бидеќи силна конкуренција се јавува од редовите на Конче “Шампиони” и Вардар 1961.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.