Државна ревизија утврди: МОВЧЕТО во Сточен пазар е небезбедно и претставува ризик, а за истото се потрошени над пола милион евра

Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работата на општина Прилеп во изминатите години, додека локалната власт во градот под Марковите Кули ја предводеше СДСМ.

Од целиот извештај , највпечатлив е делот за подрачното училиште и мовчето на Градската река во населбата Сточен пазар.

-За инфраструктурен објект, реконструкција и доградба на мост на градска река на улица „Трајко Николоски“ Прилеп, општината како инвеститор исплатила (554.846 евра) и мостот е пуштен во употреба без обезбедена комплетната изведбена документација, што претставува ризик за безбедноста на корисниците на сообраќајниците кој ги поврзува мостот – велат од Државниот завод за ревизија.

Во делот пак за подрачното училиште, зграда која се изгради за време на мандатот на Марјан Ристески, а наредната локална власт предводена од Илија Јованоски дозволи истата да се руинира и ограбува, од Државна ревизија велат:

-За изградба на подрачно основно училиште „Рампо Левката“ во м.в. Баба Чаир, општината исплатила средства во вкупен износ од (111.398 евра) 6.851 илјада денари. По завршување на градбата, општината не го презела ниту го обезбедила новоизградениот училиштен објект, поради што објектот е уништен, руиниран и демолиран, а учениците од одделенска настава од населбите Сточен пазар и Жабени, се без училишна зграда.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.