Државата им ги зголеми таксите за вода за 70%, а вода не им пушта! Ако за Ковачевски во Спупчане се домаќини, тогаш какви луѓе се жителите од Овчеполието?

Со трактори на улица, земјоделците од Свети Николе денес излегоа на протест.

Околу 200 земјоделци со 50 трактори изразија револт поради неможноста да си ги наводнуваат нивите, но и зголемувањето на таксите за вода од 70 проценти.

Во поддршка на земјоделците дојдоја Цветан Трипуновски, претседател на Комисијата за земјоделство од ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката Благица Ласовска.

„Земјоделците протестираат заради немањето вода за наводнување на околу 1000 хектари земјоделско земјиште во ситуација која браната Калиманци е полна до преливање. Дополнителен причинител за протестот е и тоа што АД Водостопанство ќе им ја зголеми цената на водата за наводнување за над 70 отсто, а водата не стига до земјоделците на полето“, рече Трипуновски.

-Денес дадов поддршка на протестот на земјоделците од Овчеполието. Протестираат затоа што нема вода, да си ги наводнат посевите! ОВА СЕ ДОМАЌИНИ ЛУЃЕ! Владо недемократска, се слушаме ли, напиша Ласовска на Фејсбук.

Насобраните земјоделци особено беа лути после вчерашната изјава на премиерот Ковачевски, кој истакна дека во Слупчане каде не се плаќа струја, најголем број луѓето биле домаќини, па прашаа дали и тие се домаќини што ги плаќаат сите давачки кон државата и притоа придонесуваат преку производство на храна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.