Дрво паднало врз девојка од Прилеп во невремето во Скопје

На 02.07.2024 во 14.27 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Климент Охридски“ во Скопје, поради лошите временски услови паднало дрво и повредило двајца минувачи.

Според пријавеното, со тешки телесни повреди се здобила В.Л.(28) од Прилеп, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, а со телесни повреди се здобила А.А.(35) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.