На 17.03.2022 Секторот за внатрешни работи Битола, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и Полициска станица Прилеп во координирана акција, на повеќе локации запленија нелегално исечени огревни дрва.
Имено, на м.в.Песјобарци, прилепско затекнати се три лица М. А (43), П. В. А(40) и И. Д (48) сите од Прилеп, со три запрежни коли натоварени со огревни дрва без соодветна дозвола за истите.
Одземената дрвна маса со околу 4.5 метри кубни е предадена на шумска полиција Прилеп.
На место викано „Пештерица“ и Дата Центар во Прилеп запленети се три запрежни коли натоварени со огревни дрва без документација и тие се одземени од лицата С.А.(37), С.Б.(49), А.Ш.(41) сите од Прилеп.
Во с.Ореовец, прилепско, запленети се две запрежни коли натоварени со три метри кубни огревни дрва од малолетник од Битола.
Одземената дрвна маса е предадена на шумска полиција Прилеп.
Против лицата, по документирање на случаите, ќе биде поднесена соодветна пријава.