Драма синоќа во Прилеп: Полицаец ранет со нож

policija-8-98373

Во 20 часот и 50 минути во Прилеп, на улицата „Марксова“, полициски службеник од Полицијата во Прилеп, кој бил на должност, забележал две лица како вршат кражба на алумулатор, по што тргнал кон нив. Еден од крадците, 42-гоишниот Р.Р.  од Прилеп, забележал дека им се приближил полицискиот службеник и со нож замавнал кон него, нанесувајќи му расекотина во пределот на десната дланка, по што побегнал.

По преземени мерки, полициски службеници ги пронашле и привеле Р.Р. и неговиот 16-годишен син. Повредениот полициски службеник е пренесен и задржан во Општа болница Прилеп,  каде му е констатирана телесна повреда. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.