ДРАМА НАД ХРВАТСКА: Се расипал авион на НАТО и кружел над аеродромот во Пула

Речиси еден час над Пула се одвивала вистинска драма. Имено, воен авион на НАТО Ф16 имал технички проблеми поради што пилотот побарал слетување на аеродромот во Пула.

Над Пула летале два авиони Ф16 45 минути, а поради тоа ни патничките авиони не можеле да слетаат, пренеусва “Регионални Експрес”.

– Целата ситуација имаше среќна завршница. Воениот авион на НАТО имаше технички проблеми и кружеше над нашето подрачје, а поради тоа го одложивме и слетувањето на авионот на “Кроатиа Ерлајнс” кој во Пула требаше да слета од Амстердам…изјавил директорот на аеродромот во Пула, Свемир Радмило.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.