ДРАМА ВО РЕСТОРАН ВО БУТЕЛ: Младоженците направиле свадба, немале пари да платат – плаќале со злато и накит

Изминатиот викенд во ресторан во скопски Бутел долшо до непријатна ситуација во која младенците немале доволно пари да ја платат свадбата, па сопственикот морал да повика обезбедување – пишува порталот “Инфомакс”.

Ноќта саботата спроти неделата настанала тензичната ситуација кога младенците и гостите сакале да ја напуштат прославата, но сопственикот на локалот најпрво си ги барал парите и не ги пуштал да си одат.

На крајот, морало да интервенира обезбедувањето, а за да се реши ситуацијата, младоженецот напомош викал пријатели да му донесат пари и накит за да ја подмири сметката во ресторанот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.