Во 16,20 часот во Прилеп, С.Т. пријавил дека на улица „Савка Манеска“, пред сопствената куќа бил физички нападнат од страна на неговиот сосед, 58-годишниот К.К.
Тој бесно го удирал со метална патерица. По физичкиот напад, според пријавеното, К.К. се упатил кон домот на оштетениот, ја скршил влезната врата и го нападнал и С.Х.
Сторителот е приведен во Полициска станица Прилеп, по наредба на Јавен обвинител од истиот е одземена ловна пушка и патрони.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.