Вистинска драма се одвивала во селото Баница во Струмица, каде настанала тепачка во која учесниците искористиле што им дошло при рака.
Во неделата во 21.00 часот во Секторот за внатрешни работи Струмица, 33-годишната Л.В. пријавила дека истиот ден околу 16 часот, додека работела во продавница, дошол 20-годишниот К.Р. и физички ја нападнал. Тој побарал пиво на одложено плаќање, но откако не му дала почнал да ја навредува, по што физички ја нападнал.
После тоа, пред продавницата дошол нејзиниот сопруг, а К.Р. го нападнал и него. Тие успеале да го истуркаат К.Р. од дворното место, но по кратко време се вратил со уште неколку непознати лица кои носеле камења, стап и секира и почнале да ја демолираат куќата, продавницата и возилата паркирани пред неа и при тоа им нанеле телесни повреди на пријавителката, нејзиниот сопруг, свекорот и уште двајца нивни роднини.
Во врска со случајот лишени од слобода биле К.Р. (20), А.Р. (26), Д.Р. (25), сите од с.Баница, и биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.
По целосното расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.