Руска телевизија објави загрижувачко предупредување за можна нуклеарна војна со Западот, откако тензиите во Блискиот исток се искачија на највисоко ниво досега.
Ѕвезда, национална телевизија со која управува руското Министерство за одбрана, минатата недела објави дека „шизофреничарите од Америка го „острат“ нуклеарното оружје за Москва“, пишува британски Метро.
Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот потпиша одредба која го суспендира договорот помеѓу Русија и САД за располагањето со плутониумот.
Руски официјални лица минатата недела потврдија дека се градат подземни скривалишта во кои собира 12 милиони луѓе, доволно во нив да се смести целата популација на Москва.
Русија се судри со западните сили поради политиките во Сирија, каде ја обвинуваат за бомбардирање на цивили, поради што САД ги прекина преговорите со Москва.
И Русија и членките на НАТО се способни да започнат нуклеарни напади бидејќи имаат повеќе од 1.500 боеви глави.