До четврток топло време и температури и до 16 степени, а потоа поларен студ

Првите три денови од новата седмица ни носи стабилно, суво и потопло време со повеќе сонце, иако повремено ќе има и облачност над македонското небо. Наутро и понатаму ќе биде релативно студено со минимални температури на воздухот кој на повеќе места ќе се спуштаат до околу нулата, а понекаде тие ќе се спуштат и за некој степен под нулата, прогнозира Славчо Попоски.

Најтопло ќе биде на средината од седмицата кога максималните дневни температури на воздухот ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени. Тогаш ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Сепак ова затоплување ќе трае многу кратко. Веќе од четврток доцна попладне и навечер следува нова голема промена на времето и нов голем бран на врнежи од запад. Од петок, па во деновите потоа поради нов голем продор на поларниот вртлог од север очекуваме ново големо заладување на времето и поинтензивни врнежи од дожд и снег, како и значителна снежна покривка на планините и на Скијачките центри.

Со овој продор на студен бран снег барем отсега гледано би можело да има и во градовите. Што значи по краткотрајното затоплување, повторно ни следува вистинска зима.

И во Скопје и околината очекуваме слично време, најпрвин потопло и суво, а потоа од петок нови врнежи и големо заладување на времето.

Со овој нов продор на поларниот вртлог од север, очекуваме и минусни температури како и појава на мраз, но и засилен северен ветер, предвидува Попоски во објавата на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.