До четврток променливо и топло, во попладневните часови дожд и грмежи

До четврток во попладневните часови ќе биде нестабилно со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Сепак, ќе биде топло со максимални температури кои ќе се движат околу 30-тиот степен.

За денеска синоптичарите најавуваат сончево и топло време претпладне, а попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Ќе дува слаб до умерен ветер кој попладне ќе засилува, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северозападен правец.

Денес, максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени.

Од петок и за време на викендот времето ќе настапи стабилизирање на времето.

Според најавите на УХРМ, ќе биде сончево со максимални температури кои ќе се движат од 23 до 31 степен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.