До крајот на неделата банкнотата од 500 евра заминува во историјата: Во Македонија сеуште се мечтае по нејзе

Централната банка на Германија и Австрија до крајот на оваа недела, поточно до 26 април, ќе издаваат банкноти од 500 евра.

Останатите 17 централни банки во еврозоната престанаа со печатење на банкнотите уште во јануари.

Европската централна банка во 2016 година донесе одлука дека во новата серија на банкноти со зајакнати безбедносни карактеристики повеќе нема да биде и најголемата од 500 евра.

Надлежните се надеваат дека со укинувањето на оваа банкнота ќе придонесат кон сузбивање на тероризмот и работата на црно.

Моментално се уште во оптег се 509 милиони парчиња банкноти о 500 евра со номинална вредност од 256 милијарди евра.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.