“До кога улиците во Прилеп ќе бидат пooпacни од бojно поле? Само за една недела имаше 4 cooбpaќajки со вклучени велосипеди, мотори и пешаци”

После синоќешната сообраќајна нecpeќа во центарот на Прилеп, граѓаните и граѓанските иницијативи со лавина реакции на социјалните мрежи.

-Уште што треба да се случи во Прилеп за да се превземе нешто за безбедноста во сообраќајот?

Во Прилеп буквално нема регулиран сообраќај.

Овде секој вози што ќе најде, и каде ќе му текне, се што има тркала се вози низ градот и се вози ама буквално секаде.

Само во изминатава недела имаме над 4 сообраќајни несреќи со вклучени велосипеди, мотори и пешаци.

До кога прилепските улици ќе бидат поопасни од бојно поле?

Бараме итно ограничување на брзината на движење за централното градско подрачје на 30км на час.

Засилени и не селективни полициски контроли и санкции за секој еден што ги прекршува законите.

Прилеп е единствениот град во Македонија низ чиј плоштад се возат четирицикли како да сме в сред планина.

Во Прилеп се возат мопеди и брзински мотори по тротоар и плоштад без никаков проблем, па и велосипеди кој исто така преставуваат опасност за пешаците и малите деца што се движат, затоа што пешачка зона е само тоа, ништо повеќе.
Во Прилеп да имаш и тенк дома, не е проблем, слободно вози кај сакаш.

Без демагогија, време е да се стави крај на убиствата во сообраќајот во строг центар на град и тоа мал град кој треба да е мирен и безбеден, а не во град со 5 улици да има жртви во сообраќај.

Закони има, може да се подобрат и изменат, но време е да важат за сите, за да немаме прегазени пешаци на пешачки, да немаме мотори од што возат на плоштад и на тротоари, за велосипедски патеки и да не зборуваме.

Плоштадот кое е единствено место каде што пешаците треба да “царуваат” кај нас е претворен во паркинг за мопеди.

Време е да застанеме сега, сите, сите се движиме по истите патишта, казни за сите подеднакво без оглед дали некој вози точак или авион, затоа што културата во сообраќајот се учи, не се добива од раѓање – пишуваат од иницијативата “Прилеп на точак”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.