Според новото истражување на “Факултетот за географско планирање и управување со животната средина ” од Квинсленд универзитетот во Австралија, се потврди дека околу 10% од светските шуми се уништени за само 25 години.
Џејмс Вотсон е професор на универзитетот кој тврди дека доколку итно не се превземат мерки на глобално ниво, последиците може да бидат катастрофални. Тој смета дека шумите лесно стануваат жртви на урбанизацијата на просторот. Според него потребни ни се 2 децении за да го променеме процесот на губење на шумите на глобално ниво.
Централна Африка и шумите околу Амазон претрпеле најголеми загуби.
Можеби и сами сме криви што природните катастрофи ни се случуваат олку често. Едно е сигурно, глобални мерки мора да се превземат, нема изговори !