Активисти на бугарската партија ВМРО предводени од европратеникот Ангел Џамбаски вечерва се собраа на протест пред домот на поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, за да го искажат револтот зошто тој го поддржа францускиот предлог за решавање на спорот и почеток на преговорите на ЕУ со Македонија, јави БНТ.
Демонстрантите од доскорешниот коалициски партнер на Борисов, пред неговиот дом носеа транспарент „Не ја предавајте Македонија“ и скандираа: „И порано и сега, Македонија е бугарска“.
Од друга страна, пак, пред домот на Борисов имаше и контрапротести – активисти и пратеници од пратеничката група на ГЕРБ дојдоа да го поддржат лидерот.