“Дојде живот”- кабловската поскапа за 130 денари?!”

Корисниците на кабелскиот оператор “КДС Кабелнет” од Прилеп ги добија повисоките сметки за кабелска телевизија.

Како што најавија од компаниајта пред извесно време, надоместот за кабелска ТВ од јуни месец ќе изнесува 450 денари.

“Промената на месечниот надомест се должи на зголемените надоместоци за авторски и сродни права за каналите кои ги реемитуваме” – известија од “Кабелнет”

Ова е уште едно поскапување кое и покрај тоа што доаѓа од приватна компанија која сама одлучува за своите цени на услугите, значително ќе ги оптовари и така прекршените семејни буџети на граѓаните.

Енормно зголемената цена на бензините, поскапените сметки за вода за пиење, зголемените цени за пазарење на одредени продукти, неисполнетото ветување за повисоки пензии и социјална помош ….. имаат голем удел во осиромашувањето на граѓаните, а со тоа и за раст на револтот кон актуелната власт во државата.

Ако порано се протестираше и се бараше намалување на акцизата за горивата, сега истите се движат кон 80 денари за литар бензин.

Ако градоначалникот на општина Прилеп ветуваше за 20% пониски сметки за вода за пиење, сега прилепчани плаќаат повеќе преку зголемувањето на ставката за одведување на урбани отпадни води, што е дел од сметката за вода.

Ако на пензионерите им се ветуваше значително зголемување на пензиите, тие често се жалат дека од тоа нема ниту трага, ниту глас.

Социјалците сеуште чекаат 12.000 социјална помош.

Лекарите сеуште чекаат 100.000 плата.

Ватувања еден куп, реализација нула, народот осиромашува, давачките растат!

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.