Дојдете да се поклониме пред патронот на Македонската црква и народ: Во сабота и недела, мошти на Св. Климент и Св. Пантелејмон во црквата Параклис во Прилеп

Благочестиви христијани,
Ве покануваме на соборно прославување
на патронот на нашата Македонска Православна Црква, а со тоа и на нашата држава Македонија и на македонскиот народ, Св. Климент Охридски – стои во поканата од храмот Св. Кирил и Методиј (Параклис) од Прилеп.

На 07.12.2024 година (сабота), со почеток во 16 часот, во храмот ќе се отслужи мало бдение со акатист на светиот Климент Охридски, а наредниот ден 08.12., (недела) со почеток во 7:30 часот, и света Божествена литургија, каде што ќе можете да се поклоните и помолите на светите мошти од светиот Климент Охридски. И светиот маченик Пантелејмон.

Достоинствено да го испочитуваме заштитникот на нашиот народ Македонски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.