Доста е сликање, време е за кривични: Над половина милион евра за МОВЧЕ кое е небезбедно, а ОК молчи!

Државниот завод за ревизија деновиве го објави извештајот за работата на Општина Прилеп во изминатите години, а најголем бум кај јавноста предизвика информацијата дека новото мовче на Градска река во населбата Сточен пазар, за кое општината како инвеститор исплатила 554.846 евра, е пуштено во употреба без обезбедена комплетната изведбена документација, што претставува ризик за безбедноста на корисниците на сообраќајниците кој ги поврзува мостот.

Ова значи дека над половина милион евра пари на граѓаните се дадени за објект кој ниту ги исполни очекувањата за олеснување на сообраќајот, ниту пак ги исполнува законските критериуми за безбедност.

Проектот беше еден од малкуте кои ги сработи претходната локална самоуправа предводена од градоначалникот Илија Јованоски. Беше најавуван со музики, беше сниман со дронови, идеа министри, пратеници, разно разни функционери…

И додека тогашната локална власт се расфрлаше со фанфари како успешно решиле децениски проблем во Прилеп, тогашната опозиција на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно редеше пресови на оваа локација – едно 20-тина најмалку, а деновиве некако немо и без ентузијазам ја примија оваа информација од ДЗР, ако воопшто детално го прочитале извештајот.

Ќе има ли кривични пријави? Ќе има ли сега секојдневни прес конференции пред ОЈО Прилеп? Останува да видиме во периодот кој следи….




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.