“Доста е, или канализација или Охрид преку Прилеп”: Во понеделник блokaда на патот Кичево-Охрид

Жителите од кичевската населба Другово во понеделник со почеток од 10:30 часот, ќе го блокираат патниот правец Кичево-Охрид поради недоизградена канализација.

“И покрај тоа што во буџетот на општина Кичево има предвидено средства, досега еве веќе 7 години не се презема ништо”, велат во сооштението до нашиот портал граѓаните од оваа населба.

“ДОСТА, или канализација, или Охрид преку Прилеп”, пишува во паролата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.