Досега олку голем ОГЛАС за вработување немало! Вкупно ќе се вработат 124 лица – 22 доктори, медицински сестри, персонал…

Добивме согласност за вработување на хонорарците од Министерството за финансии за сите 124 лица кои беа на договор, истакна на денешната прес конференција директорот на прилепската болница, Д-р Кире Јоноски.

Според најавата, огласите за вработување на медицинскиот персонал ќе започнат од утре (23.07.), при што болницата во Прилеп ќе добие:

-21 доктор
-1 стоматолог
-49 медицински сестри
– дополнителен медицински пероснал

Ова е најголем досега оглас од постоењето на болницата во Прилеп, a дополнително со претходните 8 специјализанти и доктори чии договори беа трансформирани, бројката на нововработени доктори во неполна година ќе биде 30, што е навистина голема бројка.

“Ако претходно имавме вкупно 120, 30 доктори за неполна година е навистина голема бројка. Значи освен што вложуваме во апаратура, вложуваме и во човечки кадар. Можеби сегашноста не ние добра, не е розова, но со тие 30 доктори имаме иднина”, истакна Јоноски.

Јоноски додаде дека покрај претходно вработените 8 специјализанти, се очекува за скоро време Министерството да даде зелено светло и за нови 10 специјализанти.

“Значи прилепската болница, со поддршка од Владата и Министерството може да се каже дека во најголем дел полека го решава проблемот со персонал, ние градиме иднина. За разлика од претходно кога ја начекавме болницата и финансиски и кадарно во незавидна состојба, ние ги градиме темелите за успешна болница во иднина. За ренгенолози е потребна 4-годишна специјализација, а за другите области 6 години. Значи не може ништо да се направи преку ноќ. Максимум што можеме да направиме е да ги вработуме младите доктори, 21 нов доктор, тоа е огромна бројка, кои во иднина ќе станат специјализанти”, рече Д-р Јоноски.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.