Донесена одлука: И Србите ќе може да патуваат во ЕУ – Македонците ќе почекаат

Европската унија утре ги отвара своите граници и за граѓаните од Србија, се договорија земјите-членки.

На листата на ЕУ за укинување на pecтрикциите за патување се најде и Србија. Во Брисел нагласуваат дека листата на земји на кои ќе им биде дозволен влез во Шенген зоната ќе биде ажурирана на секои две недели, според најновите епидемиолишки податоци.

СЗО бележи значаен пораст на бројот на зapaзени во “најмалку 11 земји” во Европа, меѓу кои е и Македонија.

И покрај препораката на Европската комисија да им се даде зелено светло на сите земји од Западниот Балкан за влез во ЕУ од 1 јули, земјите членки се согласија да дозволат постепено укинување на рестрикциите само за граѓаните на Србија и Црна Гора.

Зелено светло добија и Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Северна Кореа, Тајланд, Тунис и Уругвај.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.