Донација на музичкото училиште од Прилеп за Здружението „Порака“ – Прилеп

Музичкото училиште од Прилеп ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“  донираше ЛЕД телевизор на Здружението на лица со посебни потреби „Порака“ од Прилеп. Оваа донација е направена со собраните средства од влезниците за новогодишниот концерт кој пред неколку денови го имаше ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ во домот за култура „Марко Цепенков“.

6627-donacija-na-muzickoto-ucilishte-od-prilep-za-zdruzenieto-poraka-prilep-960x600-10

„Традиционално пред новогодишните празници музичкото училиште го организира новогодишниот концерт. Ова е втора година по ред како оваа манифестација има донаторски карактер. И оваа година колективот од нашето училиште одлучи овие средства да бидат доделени на Здружението на лица со посебни потреби „Порака“ од Прилеп. Се надевам дека ќе им излеземе во пресрет со оваа донација и се надевам дека и понатаму ќе продолжиме како училиште со вакви хуманитарни активности“, рече Игор Николоски, директор на ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“.

6627-donacija-na-muzickoto-ucilishte-od-prilep-za-zdruzenieto-poraka-prilep-960x600-2

„Голема благодарност до музичкото училиште што не не заборави оваа година и ни донираа телевизор кој што и тоа како ни е потребен за нашиот социјален клуб „Порака“ и се надеваме дека и понатаму ќе имаме добра соработка со нив“, истакна Раде Аљакоски, претседател на Здружение „Порака“.

6627-donacija-na-muzickoto-ucilishte-od-prilep-za-zdruzenieto-poraka-prilep-960x600-6

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој присуствуваше на оваа донација, истакна дека се надева идната година да има уште повеќе вакви хуманитарни активности.

6627-donacija-na-muzickoto-ucilishte-od-prilep-za-zdruzenieto-poraka-prilep-960x600-9

„Се надевам дека и во наредната 2017 година ќе имаме уште повеќе вакви хуманитарни активности и како локална самоуправа на овие дечиња и нивните родители од Здружението „Порака“ им посакуваме многу здравје, среќа и радост во новата 2017 година и се надевам дека и понатаму ќе имаме уште повеќе вакви дружења“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп, кој ги повика сите присутни на денешниот настан да дојдат во сабота во центарот на градот и да присуствуваат на предновогодишната забава за најмладите која ќе започне околу 11 часот, а возрасните пак да присуствуваат вечерта на забавата по повод дочекот на Новата 2017 година.

6627-donacija-na-muzickoto-ucilishte-od-prilep-za-zdruzenieto-poraka-prilep-960x600-11

По повод Новогодишните и Божикни празници со своја донација за Здружението „Порака“ се приклучи и фирмата „Владо компани




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.