Партијата за која зедно со соросовите фондации се стекна впечаток дека искрено се бори за почиста средина, неофицијално побарала оставка од Дамјановски.
Причината е тоа што Куманово е најзагадениот европски град во моментов и некој треба да понесе одговорност. ДОМ беше зедно и со “Паркобраните ” во Општина Центар кои протеститираа за 3 пресечени дрвја, со соросовите организации кои со маски и чадори протестираа во Скопје и Битола. Но, до денес им замеруваа дека партијата и претседателката Поповска ги нема таму каде што е алармантно.
Ваквиот чин на барање оставка од кадар на својот коалиционен партнер СДСМ до некаде ги оправдува нивните скапо платени активности.