На никого не му е јасно како оваа лименка стана дел од Центарот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп?
Како некој со здрав разум се одлучил да догради ваков објект кој го нагрдува целиот изглед и автентичност на храмот на културата во Прилеп?
Лимената доградба веќе некое време е дел од центарот за култура и се наоѓа токму на платото каде деновиве се одржуваат концерти.
На ваквата слика реагираа граѓани, но и дел од вработените во оваа културна манифестација, кои сметаат дека на лименката воопшто не одговара во целата слика на објектот.