Доминација на џудо клубот “Бушидо” – 13 медали на меѓународниот турнир “Прилеп град херој 2018”

Џудистите од џудо клубот “Бушидо” продолжуваат со добрите резултати, а нивниот последен подвиг беше меѓународниот турнир “Прилеп град херој 2018”.

На денешниот турнир тие целосно доминираа и освоија 13 медали.

Клубот продолжува со интензивни подготовки за наредниот меѓународен турнир кој исто така ќе се одржи во Прилеп.

Ова се џудистите кои се закитија со медал:

Антонио Талески 3 место; Михаела Димоска 3 место; Елеонора Илиоска 2 место; Сара Атанасоска 1 место; Георгина Милошеска 3 место; Христијан Здравески 1 место; Мартина Јанкоска 3 место; Елена Малиноска 2 место; Стефан Талески 1 место; Марија Талеска 1 место; Матеја Кочоска 2 место; Фросина Петроска 2 место; Бојан Мојсоски 3 место.

Исто така, девојките во категорија кадетки го освоија пехарот за најдобра екипа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.