Домашната задача на едно дете од Хрватска, стана хит на социјалните мрежи.
Сите се смеат, но изгледа дека само на мајката ова нема да и биде смешно.
На учениците им била дадена задача да ја опишат својата мајка.
Еве што напиша едно дете:
„Мојата мајка се вика Неда. Таа има 42 години и е ниска. Има светло сини очи и златно-кафена коса. Сака чварки со кромид. Каква е со другите луѓе, на тато му го уништи животот. Јас чувствувам љубов кон неа” – напиша детето.