Филмот во траење од 26 минути датира од 2006 година и е во продукција на “Камелеон”.
Сценариото е дело на Д-р Марко Китевски, режијата на Јане Марковски, монтажа Андреја Китевски, а приказната е пренесена од гласот на легендарниот Благоја Спиркоски – Џумерко.
Кој бил Марко Цепенков, неговото потекло, како започнал со идејата за собирање на народни умотворби и како се создало богатството кое го остави во наследство на сите, погледнете во видеото во продолжение: