На оние што не сакаат да носат маски затоа што мислат дека виpycoт повеќе не претставува закана или сметаат дека маската не ги штити, или класичната реченица: „Не можам да дишам со маска“, една докторка има нешто да им каже.
Д-р Меган Хол спроведе експеримент со носење 4 различни маски во период од пет минути за да види како влијаат врз нејзиниот ритам на срцето и нивото на кислород и резултатите ги сподели на својот фејсбук-профил.
– Здраво, пријатели! Наидов на многу постови и ги слушам луѓето како се жалат дека не можат да дишат со маската или не сакаат да ја носат затоа што „нивоата на кислород драматично опаѓаат кога се носи маска“.
Затоа направив мал експеримент. Подолу се четири сценарија. Секоја маска ја носев во период од 5 минути и ја проверував сатурацијата на кислород заедно со oтчукувањата на срцето користејќи неинвазивен уред. Имајте на ум дека пред експериментот носев хируршка маска цели пет часа.
Резултатите
Без маска: 98 отсто, отчукувања на срцето 64
Хируршка маска: 98 отсто, отчукувања на срцето 68
Н95 маска: 99 отсто, отчукувања на срцето 69
Н95 плус хируршка маска (вака здравствените работници ги носат маските): 99 отсто, отчукувања на срцето 69.
Нема значителна промена во кое било сценарио.